Thursday, May 31, 2018

"Сердарот,, (Опис на ликовите)

Сердарот е најпознатата поема на македонскиот поет и преродбеник Глигор Прличев.Ова дело е напишано по 1980 година на грчки јазик под името ,,О Арматалос koja истата година учествувала за најдобрата поема.Во осмона темата на оваа поема е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија (Галичник.областа река и селото СТАН) кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може подоцна да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености – сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.

Неда е главниот лик во поемата.Таа е мајка на јунакот Кузман.Но и таа самата е јунак.Таа е храбра и храбро ја поднесува смртта на нејзиниот син, и им се спортиставува на сите непријатели и истовремено е подготвена да ги заврши сите битки што ги започнал нејзиниот син.Неда е решителна и чесна жена.Таа е на средни години и е многу здрава и силна и многу убава.Но сепак таа е мајка и е многу чуствутелна и нејзиниот плач е мајчин.Глигор Прличев го насликал нејзиниот лик поради неговата мајка.


Кузман е јунакот во оваа поема и тој е сердар во областа река и тој како и неговите предци е многу храбар и се бори за неговиот народ и неговата слобода.За него се знае дека е убиен од страна и на Албанците исто така е предаден од нивна страна кај неговата мајка.Тој е многу посакуван меѓу народот бидејки го заштитува и се жртвува за него.Тој многу ја сака и почитува неговата мајка и има свршеница Марија.

Гегите во оваа поема се негативни.Односно тие се непријателски настроени,вршат пљачки и се многу немилосрдни.Но тие ја покажуваат и добрата стрна со тоа што го носат мртвото тело на Кузман во домот на Неда.Тие и самите се добри но сепак имаат голема почит и ја покажуваат добрината која е многу битен дел кај еден човек.


Сите ликови се силно впечатливи,носители на возвишени но и реално особини кои повеќе од лучето треба да ги имаат.Поемата е на грчки јазик но при крајот на животот,Прличев ке направи се обиде да ја преведе на македонски јазик.Структурата на оваа поема е навистина структура на едно угледно дело.Тој успеал на еден драмичен начин да ни помогне да се запознаваме како тоа македонскиот народ жевеел пред многу години и низ се што тие поминувале.Покрај се се покажува и тоа колку и да сме направиле некое лошо и грешно дело треба да да извинуваме и покауваме почит и човечност.

No comments:

Post a Comment