Thursday, May 31, 2018

„Шагринска кожа (опис на лик)

Во романот „Шагринска кожа“ се зборува за вљубениот Рафаел Де Валентин. Тој наоѓа шагринска кожа која му ги исполнува сите желби, но со тоа при секоја желба кожата се намалува. Кога кожата да исчезна Рафаел ќе уми, знаејќи го ова тој се труди да не пожелува многу, но во тоа не успева.

               Рафаел е динамичен лик со тоа што низ романот му се менуваат карактеристиките и особините. Тој како личност би бил алчен, безљубовен и депресивен. Тој низ романот има конфликти со самиот себе и се прави за да ги исполни своите алчни желби. Рафаел живее во 18 век, во времето кога посиромашното население нема никакви права, за разлика од сега, селаните имаат исти права како и другите граѓани, технологијата е понапредна и сл. Рафаел госоживејуваме како изгубена личност, како што и е гледан како опсесивна и бедна личност којапробува да се докаже пред сите. Тој се гледа како некоја важна личост која мисли дека е во центарот на светот. Тој цело време пробува да го докаже тоа и ова го доведува до неговата смрт. Во нашиот свет има луќе кои дозволуваат нивната алчост и себичност да им биде се. За нив атеријалните работи се многу поважни од саканите и блиските и често ова доведува до многу кавги.

               Оваа книга нас ни кажува како е ако си алчен ќе изгубиш се и дека нисто не е поважно од твоето здравје и твоите блиски и сакани.

No comments:

Post a Comment