Името на Хомер првпат се споменува во VII век пр.н.е., некои велат дека живеел во времето на Тројанската војна (1193-1183 година пр.н.е). Тој е претставен како сиромашен слеп пејач кој талка низ светот. Во VI век пр.н.е. „Илијада“ била школаска книга со која се воспитувале генерации во античкото општество. Периодот во кој настанала „Илијада“ е период во кој Данајците живееле на дел од територијата на денешна Грција во градови-држави кои се викале „полиси“. Еден од најголемите градови на Малоазискиот брег во Стариот век бил градот Троја или Илиј. Троја била позната по богатство и моќ, затоа што тројанскиот владетел наплатувал високи царини за премин низ овој град, истиот бил привлечен за Ахајците кои во 1184 година пр.н.е. ја уништуваат Троја по десетгодишна војна.
Содржината на „Илијада“ е земена од митот за Тројанската војна. Меѓу Ахил-главниот јунак на епот и Агамемнон (водачот на Ахајците) избувнува кавга затоа што Агамемнон на Ахил му ја одзел најсаканата робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида. Гневен Ахил се повлекува од бојот и ги остава Ахајците да трпат порази. Ахил на својот пријател Патрокло му го дава своето оружје за да се бори против Хектор во кој двобој Патрокло е убиен. Гневен и полн со желба за одмазда Ахил се враќа на бојното поле и во двобој го убива Хектор. На крај на епот Ахил му го предава Хекторовото тело на татко му кралот Пријам, тој го носи телото во Троја и епот завршува со закопот на Хектор.
Главни јунаци кај Ахајците се:
* Ахил-храбар и непомирлив јунак кој се налутил на Агамемнон бидејќи му ја одзел робинката Брисеида;
* Агамемнон-арогантен, горд и нерешителен јунак;
* Менелај (брат на Агамемнон)-подучен од итрината на божицата Атена собрал војска и со тројански коњ влегол во тврдината Троја со скриени најдобри Ахајски јунаци во него;
* Патрокло-верен пријател на Ахил кој ја зема неговата воена опрема и во двобој е убиен од водачот на Тројанците-Хектор;
Главни јунаци кај Тројанците се:
* Андромаха-сопруга на Хектор;
* Хектор- нежен сопруг, добар татко и син, но и храбар бранител на родниот град Троја;
* Парис-храбар јунак кој ја грабнал Елена и дел од богатството на Менелај и заминал за Троја пред да биде разурната 1184 или 1183 година пр.н.е. Парис во двобој за Троја го убива Ахил.
No comments:
Post a Comment