Thursday, May 31, 2018

АНАЛИЗА НА ЛИК БАК

Во романот "Повикот на дивината" се зборува за животот на главниот лик Бак кој од безгрижно кученце пораснува во водач на глутница волци во дивината.
     Бак во романот е опишан како динамичен лик, затоа што тој  е причината за многу случки околу него. Бак во вистинскиот живот би бил одлучна и храбра личност, спремен да се справи со секој проблем. Тоа ни го укажуваат неколку случки низ романот. Живеалиштето на Бак никогаш не било перманентно.  Својот живот го започнал на плантажата на Милер, а книгата завршува во дивината каде што е водач на волци. Општеството во кое што најпрво живеел Бак може лесно да се поврзе  со моето, безгрижно го живееме своето детство. Луѓето најпрво го гледале Бак како безопасно суштество кое неможе да му наштети никому.  Како што растел некои луѓе го гледале како плен од којшто можат да се збогатат. На крајот, после се, во глутницата го гледале како вистински и безстрашен лидер, спремен на сите предизвици. Бак е свесен како го гледале луѓето, но тој морал да се однесува така за да преживее. Тој најпрво го гледал светот како место на кое засекогаш безгрижно ќе шета, како поминувало времето, на Бак светот му изгледал се посуров. Во реалниот живот многу луѓе би се соживеале со Бак. Можеби и тие, како и тој, морале да се тргнат настрана од општеството во кое живееле само затоа што животот бил суров кон нив.
     Бак во романот е прикажан како комплексен лик. Со неговата мудрост и храброст успева да се извлече од суровоста на надворешниот свет,  секојдневното влечење на санки, и да избега во дивината каде што живее слободно со волците. 

No comments:

Post a Comment