Thursday, May 31, 2018

Бескрајна Приказна

Во книгата на Михаил Енде „Бескрајна приказна“ се зборува за едно младо момче Бастијан и за неговите авантури кои ги доживува со една книга. Ова дело можеме да го објасниме со петте делови на развојот на дејството.

Започнуваме со првиот дел, експозицијата. Делото започнува со главниот лик Бастијан кој многу сака да чита книги, поради ова многу деца во училиште го исмејуваат и го тепаат. Еден ден додека тој бега од други деца кој сакаат да го натепаат, влегува и се крие во антикварница. Бастијан се запознава со сопственикот и се заинтересира за книгата која сопственикот ја чита. Бастијан се распрашува за книгата, но сопственикот вели дека книгата не е за него и дека тој нема да ја разбери. Телефонот заѕвонува и сопственикот оди да види кој ѕвони. Бастијан решава да ја земи книгата. Излегува од антикварницата со неа и почнува да трча.

Вториот дел е заплетот. Во заплетот се запознаваме со главниот лик Атреј од книгата кој ја чита Бастијан. Атреј треба да ја спаси кралицата на кралството фантазија која е болна од ништото. Ова е голем проблем и ако брзо не се реши самото кралство би се распаднало и уништило.

Потоа доаѓаме до третиот дел кој е кулминацијата. Во овој дел Бастијан и Атреј чувствуваат конекција, ќе се погледнат во очи и Атреј одма ќе го почувствува присуството на Бастијан, од кој зема сила.

Стигнуваме до четвртиот дел, перипетија. Во перипетијата се случува нешто кое ќе води до разрешување до проблемот. Атреј ќе навлезе во пештера каде ќе се запознае со Морг, помошник на ништото. Атреј дознава дека Фантазија може да се уништи само ако луѓето престанат да фантазираат и да се насочат на обичен, некреативен, неинтересен живот.

На крај доаѓаме до последниот дел, расплет. Во овој дел Атреј разочарано се враќа и ѝ кажува на кралицата дека не успеал во мисијата, но кралицата го убедува дека успеал со тоа што го овозможил присуството на Бастијан, кој бил единствениот што може да ја спаси неа, но и кралството.

Овие се петте етапи кои помагаат да ја градат, усовршуваат и да ја подобруваат структурата на едно дело.

No comments:

Post a Comment