Thursday, May 31, 2018

Панонски легенди(житијата на Св.Кирил и Методиј)

Панонските легенди е црковна литература, што се создавала во периодот на среден век  кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Панонски легенди содржат две житија: „Житието на Св. Кирил“ и „Житието на Св. Методиј".

Житието на Св.Кирил 
Во Солун, во куќата на Лав и Марија, се родиле 7 деца, од кои седмото бил Константин - (Кирил 826 или 827г.).Потекнувајќи од видно и богато семејство Константин имал можност да се здобие со солидно образование. Бидејќи во училиштето покажувал голем успех се запишал во Магнаурската школа, која била најпрочуена во тоа време. Кога ја завршил го назначиле за библиотекар на Патријаршиската библиотека во Цариград. По извесно време, шест месеци престојувал во манастир, а потоа работел како наставник по филозофија во Магнаурската школа. Од тогаш станува (Константин Филозоф).
Како многу учен, го испраќаат на три мисии:
1Арапска (сараценска) мисија (851год.)
2 Хазарска мисија (860-861год.)
3. Моравска мисија (863год.)  е најзначајна, бидејќи заради неа ќе биде создадена првата словенска азбука.

Житието на Св.Методиј 
Животот на Методиј е напишан 16години подоцна.Тој владеел со една словенска област и се замонашил во планината Олимп и таму го добил неговото име Методиј.Тој имал услови и поради то аимал солидно образование.Во житието е претставена и борбата со германското свештенство и неговото прогонство,побуната на Словените против Германците и барашето на Кнезот Коцељ кој сакал Методиј да стане Архепископ(873).Но судирите го запираат тоа и тој е многу прогонуван но тој пак продолжува да работи и да преведува книги од Грчки на Словенски јазик.Тој за 6 месеци ги превел сите богослужбени книги.Тој пред смртта за наследник го назначил Горазд.

Во крајот на ова дело се ошпишани последните денови на Св.Кирил и неговата една желба "Да се сочива и продолжи неговото дело,,.

Џорбаџи Теодос

„Чорбаџи Теодос“ е дело на Васил Иљоски, кое е исполнето со разни ликови. Некои од нив се тажни, некои се среќни, но има и заљубени. Во заљубените спаѓа Стојанка која сега ќе ја опишам.
                Стојанка е круто девојче, која не потекнува од толку угледна фамилија, според чорбаџијата Теодос. Стојанка е заљубена во Томче и таа се ќе направи за него, но таа е нестрплива. Тие имаат забранета љубов и неможат да се земат. Томче го моли својот татко, но тој не дозволува и едноставно му се смее во лице, Стојанка е нестрплива и цело време го уценува Томче, дека ќе дојдат да ја земат други. Стојанка, покрај тоа е искрено девојче и е многу фина, затоа Томче смета дека таа единствена за него и совршена жена. Стојанка, за жал, од страна на Теодос и Арсо е видена како валкана, нечесна жена со “црно под своите нокти“. Но покрај лошите зорови од страна на семејството на Томче, тие успеваат да се земат поради кумството со ромите.
                Јас сметам дека Стојанка, покрај мислењата дека е сиромашна и валкана, е добра и чесна и права жена за Томче. Теодос не треба да ги осудува и дели луѓето на сиромашни и богати, дека некогаш и богатите се валкани, ама во својата душа.

"Сердарот,, (Опис на ликовите)

Сердарот е најпознатата поема на македонскиот поет и преродбеник Глигор Прличев.Ова дело е напишано по 1980 година на грчки јазик под името ,,О Арматалос koja истата година учествувала за најдобрата поема.Во осмона темата на оваа поема е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија (Галичник.областа река и селото СТАН) кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може подоцна да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености – сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.

Неда е главниот лик во поемата.Таа е мајка на јунакот Кузман.Но и таа самата е јунак.Таа е храбра и храбро ја поднесува смртта на нејзиниот син, и им се спортиставува на сите непријатели и истовремено е подготвена да ги заврши сите битки што ги започнал нејзиниот син.Неда е решителна и чесна жена.Таа е на средни години и е многу здрава и силна и многу убава.Но сепак таа е мајка и е многу чуствутелна и нејзиниот плач е мајчин.Глигор Прличев го насликал нејзиниот лик поради неговата мајка.


Кузман е јунакот во оваа поема и тој е сердар во областа река и тој како и неговите предци е многу храбар и се бори за неговиот народ и неговата слобода.За него се знае дека е убиен од страна и на Албанците исто така е предаден од нивна страна кај неговата мајка.Тој е многу посакуван меѓу народот бидејки го заштитува и се жртвува за него.Тој многу ја сака и почитува неговата мајка и има свршеница Марија.

Гегите во оваа поема се негативни.Односно тие се непријателски настроени,вршат пљачки и се многу немилосрдни.Но тие ја покажуваат и добрата стрна со тоа што го носат мртвото тело на Кузман во домот на Неда.Тие и самите се добри но сепак имаат голема почит и ја покажуваат добрината која е многу битен дел кај еден човек.


Сите ликови се силно впечатливи,носители на возвишени но и реално особини кои повеќе од лучето треба да ги имаат.Поемата е на грчки јазик но при крајот на животот,Прличев ке направи се обиде да ја преведе на македонски јазик.Структурата на оваа поема е навистина структура на едно угледно дело.Тој успеал на еден драмичен начин да ни помогне да се запознаваме како тоа македонскиот народ жевеел пред многу години и низ се што тие поминувале.Покрај се се покажува и тоа колку и да сме направиле некое лошо и грешно дело треба да да извинуваме и покауваме почит и човечност.

Шаргинска Кожа-Опис на лик - Рафаел

  Во романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак се зборува за животот на главниот лик Рафаел де Валентин. Дејствието се одвивало во XIX век во Франција.
     Рафаел де Валентин е динамичен и комплексен лик,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето и поради неговите одлуки што ги донесува кои влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
 Тој како личност би бил алчно и  себично момче,  кој се грижи само за себеси.
   Рафаел живее како сиромашна, мизерна и разочарана личност .
Поради неговата алчност и себичност е делумно свесен за сам себеси и за своите постапки, како што него не го интересира за тоа како го гледаат луѓето околу него. Тој незнаејќи кога да прекине  со посакувањето на желби, стана зависен од тоа, каде што само смрта може да го сопре.
     Така тој поради неговата зависност, со кожата,  изразувајќи желба на љубов каде што умира во прегратките на Полина.

АНАЛИЗА НА ЛИК БАК

Во романот "Повикот на дивината" се зборува за животот на главниот лик Бак кој од безгрижно кученце пораснува во водач на глутница волци во дивината.
     Бак во романот е опишан како динамичен лик, затоа што тој  е причината за многу случки околу него. Бак во вистинскиот живот би бил одлучна и храбра личност, спремен да се справи со секој проблем. Тоа ни го укажуваат неколку случки низ романот. Живеалиштето на Бак никогаш не било перманентно.  Својот живот го започнал на плантажата на Милер, а книгата завршува во дивината каде што е водач на волци. Општеството во кое што најпрво живеел Бак може лесно да се поврзе  со моето, безгрижно го живееме своето детство. Луѓето најпрво го гледале Бак како безопасно суштество кое неможе да му наштети никому.  Како што растел некои луѓе го гледале како плен од којшто можат да се збогатат. На крајот, после се, во глутницата го гледале како вистински и безстрашен лидер, спремен на сите предизвици. Бак е свесен како го гледале луѓето, но тој морал да се однесува така за да преживее. Тој најпрво го гледал светот како место на кое засекогаш безгрижно ќе шета, како поминувало времето, на Бак светот му изгледал се посуров. Во реалниот живот многу луѓе би се соживеале со Бак. Можеби и тие, како и тој, морале да се тргнат настрана од општеството во кое живееле само затоа што животот бил суров кон нив.
     Бак во романот е прикажан како комплексен лик. Со неговата мудрост и храброст успева да се извлече од суровоста на надворешниот свет,  секојдневното влечење на санки, и да избега во дивината каде што живее слободно со волците. 

ИЛИЈАДА - ХОМЕР

    Името на Хомер првпат се споменува во VII век пр.н.е., некои велат дека живеел во времето на Тројанската војна (1193-1183 година пр.н.е). Тој е претставен како сиромашен слеп пејач кој талка низ светот. Во VI век пр.н.е. „Илијада“ била школаска книга со која се воспитувале генерации во античкото општество. Периодот во кој настанала „Илијада“ е период во кој Данајците живееле на дел од територијата на денешна Грција во градови-држави кои се викале „полиси“. Еден од најголемите градови на Малоазискиот брег во Стариот век бил градот Троја или Илиј. Троја била позната по богатство и моќ, затоа што тројанскиот владетел наплатувал високи царини за премин низ овој град, истиот бил привлечен за Ахајците кои во 1184 година пр.н.е. ја уништуваат Троја по десетгодишна војна.
         Содржината на „Илијада“ е земена од митот за Тројанската војна. Меѓу Ахил-главниот јунак на епот и Агамемнон (водачот на Ахајците) избувнува кавга затоа што Агамемнон на Ахил му ја одзел најсаканата робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида. Гневен Ахил се повлекува од бојот и ги остава Ахајците да трпат порази. Ахил на својот пријател Патрокло му го дава своето оружје за да се бори против Хектор во кој двобој Патрокло е убиен. Гневен и полн со желба за одмазда Ахил се враќа на бојното поле и во двобој го убива Хектор. На крај на епот Ахил му го предава Хекторовото тело на татко му кралот Пријам, тој го носи телото во Троја и епот завршува со закопот на Хектор.
         Главни јунаци  кај Ахајците се:
* Ахил-храбар и непомирлив јунак кој се налутил на Агамемнон бидејќи му ја одзел робинката Брисеида;
* Агамемнон-арогантен, горд и нерешителен јунак;
* Менелај (брат на Агамемнон)-подучен од итрината на божицата Атена собрал војска и со тројански коњ влегол во тврдината Троја со скриени најдобри Ахајски јунаци во него;
* Патрокло-верен пријател на Ахил кој ја зема неговата воена опрема и  во двобој е убиен од водачот на Тројанците-Хектор;
       Главни јунаци кај Тројанците се:
* Андромаха-сопруга на Хектор;
* Хектор- нежен сопруг, добар татко и син, но и храбар бранител на родниот град Троја;
* Парис-храбар јунак кој ја грабнал Елена и дел од богатството на Менелај и заминал за Троја пред да биде разурната 1184 или 1183 година пр.н.е. Парис во двобој за Троја го убива Ахил.

„Галебот Џонатан Ливингстон“- Ричард Бах

Без труд не се ора со плуг. Оваа македонска народна поговорка на што ве асоцира? Дали оваа поговорка може да биде поставена како заклучок или идеја на некое дело?

Оваа поговорка можеме лесно да ја објасниме преку едно дело наречено „Галебот Џонатан Ливингстон“ од Р.Бах. Ова дело е доста поучно, и често се случува помладите не од првото читање да ја разберат идејата. Во книгава главниот лик Џонатан кој е галеб, го надградува својот став, своето мислење, а најважно тој разбира дека не секогаш треба да се прави тоа што другите ќе ти го кажат. Другите галеби очекуваат Џонатан да се однесува исто како нив, да се разбуди од сон, да фати риба за да јаде, и да се врати таму кадешто живее. Но Џонатан е различен од другите. Тој сака да лета. Џонатан упорно пробува да се качи на големи височини и да постигне голема брзина. Секако неговите први обиди не успеваат. Меѓу првите обиди тој за малце и умира, но тој не дозволува тоа да го спречи да прави тоа што сака. После многу обиди, после целиот тој вложен труд, Џонатан успева да се качи на голема височина, која за галеб е невозможна, како и успева да достигне голема брзина која исто така за еден галеб е невозможна. Џонатан поставува рекорд, како и станува пример за нас.

Поради упорноста, желбата и амбицијата, како и трудот Џонатан го постигнува тоа што сака. Ако тој не внесеше труд во тоа што сака да го постигне, неговите успеси би биле невозможни и за него.

,,Антигона'' Софокле

Во ова драмско дело се раскажува за сите жртвувања на Антигона за одбрана на брата си и семејството. Дејството се случува во Теба.

Антигона е ќерка на родители- мајка и син, кои случајно дознаваат подоцна. Таа е родена во грев и сите останати ликови ја доживуваат како храбра личност која постојано се жртвува и ризикува својот живот да го погреба својот брат иако тоа било забрането од кралот.
 Околината во којашто живее Антигона е таква каде што мора да се слуша зборот на кралот. Таа нејзиниот свет го гледа како никој да не може да ја спречи, но Креон ја гледал неа како лоша и непослушна поради тоа што таа не го испочитувала неговиот збор и таа го закопала својот брат. Веќе било многу доцна за ослободување иако за тоа најмногу инсистирал неговиот син.

Антигона била навистина храбра личност која се жртвувала за своите најблиски без страв дека и таа може да го изгуби својот живот.

Вујко Вања А.П. Чехов

 Чехов во драмата Вујко Вања на еден свој симболичен начин нанижан со секојдневни доживувања од секојдневието на село, го опишува животот. Главниот лик во драмата Вујко Вања е Војницки, односно Иван Петрович. Тој во четириесет и седмата година ја спознава празнината на својот живот.
     Тие живеат во типично руско село од тоа време, на имотот на покојната сестра на Вујко Вања. Тој е човек без свои жена и деца и се грижи за доброто на својата внука Соња. Вујко Вања е човек кој работи неуморно, грижлив и чувствителен. Соња е мила девојка , и како лик не подлегнува на трагизмот од кој повеќето се плашат. Вујко Вања не се грижи што поголемиот дел од приходите ги троши неговиот зет, Серебјаков. Работливиот и скромен Војницки смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Пари, пари, пари, се се врти околу парите..
    Од нив произлегува и трагичноста кај ликовите . Преку ликот на лена е преставен лико на една убава, млада , згодна жена, која ги привлекува туѓите мажи. Со нејзините 27 години се согласила да се омажи за вдовец, одлука која нема никаква смисла..Наспроти Вујко Вања застанува Серебјаков љубителот на развратниот живот, самобендисаниот егоист и внесува огромен немир. Неговата трагичност се состои во тоа што со својот егоизам и честите ноќни пирови , без грижа на совеста легнува и запива оставајќи ги сите будни

Бескрајна Приказна

Во книгата на Михаил Енде „Бескрајна приказна“ се зборува за едно младо момче Бастијан и за неговите авантури кои ги доживува со една книга. Ова дело можеме да го објасниме со петте делови на развојот на дејството.

Започнуваме со првиот дел, експозицијата. Делото започнува со главниот лик Бастијан кој многу сака да чита книги, поради ова многу деца во училиште го исмејуваат и го тепаат. Еден ден додека тој бега од други деца кој сакаат да го натепаат, влегува и се крие во антикварница. Бастијан се запознава со сопственикот и се заинтересира за книгата која сопственикот ја чита. Бастијан се распрашува за книгата, но сопственикот вели дека книгата не е за него и дека тој нема да ја разбери. Телефонот заѕвонува и сопственикот оди да види кој ѕвони. Бастијан решава да ја земи книгата. Излегува од антикварницата со неа и почнува да трча.

Вториот дел е заплетот. Во заплетот се запознаваме со главниот лик Атреј од книгата кој ја чита Бастијан. Атреј треба да ја спаси кралицата на кралството фантазија која е болна од ништото. Ова е голем проблем и ако брзо не се реши самото кралство би се распаднало и уништило.

Потоа доаѓаме до третиот дел кој е кулминацијата. Во овој дел Бастијан и Атреј чувствуваат конекција, ќе се погледнат во очи и Атреј одма ќе го почувствува присуството на Бастијан, од кој зема сила.

Стигнуваме до четвртиот дел, перипетија. Во перипетијата се случува нешто кое ќе води до разрешување до проблемот. Атреј ќе навлезе во пештера каде ќе се запознае со Морг, помошник на ништото. Атреј дознава дека Фантазија може да се уништи само ако луѓето престанат да фантазираат и да се насочат на обичен, некреативен, неинтересен живот.

На крај доаѓаме до последниот дел, расплет. Во овој дел Атреј разочарано се враќа и ѝ кажува на кралицата дека не успеал во мисијата, но кралицата го убедува дека успеал со тоа што го овозможил присуството на Бастијан, кој бил единствениот што може да ја спаси неа, но и кралството.

Овие се петте етапи кои помагаат да ја градат, усовршуваат и да ја подобруваат структурата на едно дело.

„Шагринска кожа (опис на лик)

Во романот „Шагринска кожа“ се зборува за вљубениот Рафаел Де Валентин. Тој наоѓа шагринска кожа која му ги исполнува сите желби, но со тоа при секоја желба кожата се намалува. Кога кожата да исчезна Рафаел ќе уми, знаејќи го ова тој се труди да не пожелува многу, но во тоа не успева.

               Рафаел е динамичен лик со тоа што низ романот му се менуваат карактеристиките и особините. Тој како личност би бил алчен, безљубовен и депресивен. Тој низ романот има конфликти со самиот себе и се прави за да ги исполни своите алчни желби. Рафаел живее во 18 век, во времето кога посиромашното население нема никакви права, за разлика од сега, селаните имаат исти права како и другите граѓани, технологијата е понапредна и сл. Рафаел госоживејуваме како изгубена личност, како што и е гледан како опсесивна и бедна личност којапробува да се докаже пред сите. Тој се гледа како некоја важна личост која мисли дека е во центарот на светот. Тој цело време пробува да го докаже тоа и ова го доведува до неговата смрт. Во нашиот свет има луќе кои дозволуваат нивната алчост и себичност да им биде се. За нив атеријалните работи се многу поважни од саканите и блиските и често ова доведува до многу кавги.

               Оваа книга нас ни кажува како е ако си алчен ќе изгубиш се и дека нисто не е поважно од твоето здравје и твоите блиски и сакани.